Скоро 5 милиони денари ќе се потрошат за проекти на предлог на граѓаните во Општина Крушево


Од Општина Крушево информираат дека локалната самоуправа продолжувала да одговара на потребите на граѓаните и покажувала високо ниво на соработка и консултација при креирање и реализација на буџетот. Денеска се одржа настанот „Буџет по мерка“, кој се однесува на партиципативното буџетирање.

Најголемите проекти на општината се проекти кои како приоритет произлегоа од граѓаните, односно од различни видови на консултации. Да споменеме неколку. Реконструкцијата на спортската сала и нејзино опремување беше едно од најголемите барања на младите. Регионалниот пат стопанство – Алданци – Норово беше долгогодишно, ако не и децениско, барање на сограѓаните од овие две населени места. Изградба на резервоари во Борино и во Пресил, изградба на пат до Крушевско Езеро како барање на угостителскиот сектор и организаторите на фестивали.“, рече градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски во своето воведно обраќање.

Градоначалникот Христоски се заблагодари на поддршката и соработката од Фајненс тинк (Finance Think) затоа што партиципативното буџетирање донесе придобивки за локалната самоуправа, граѓаните и долгорочното функционирање на општината

Според анализата „Бруф за политиките: Партиципативно буџетирање во рурални населени места во општина Крушево“ граѓаните предложиле 101 проекти, а најголем дел од нив се однесуваат на градбата и урбанизмот и комуналните дејности. Оваа година ќе се реализираат 4,8 милиони денари за предложените проекти на граѓаните, а предвидени се 114 милиони денари за капитални инвестиции.

Проектот за партиципативно буџетирање се имплементра од страна на Фајненс тинк во соработка со општина Крушево.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи