ВИДЕО – Протест пред затворот во Прилеп: „Апсурд е осудените за 27 април да бидат обвинети за тероризам“


На 5 годишнината од упадот во македонското собрание на 27 април Патриотски Институт на ВМРО-ДПМНЕ „Гоце Делчев“ и Унијата на Ветерани на оваа партија денеска пред затворот во Прилеп организираа протест за одбрана на осудените лица во овој процес, каде 16 мина беа осудени на 188 години затворска казна. 4 од ниив моментално се наоѓаат на издржување на казната во затворот во Прилеп. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека било апсурдно овие лица да бидат осудени за тероризам. Бараат Врховниот суд да ја укине пресудата на Апелација и да има ново фер судење.

„Затоа што некои луѓе си ја сакале Македонија, затоа што биле патриоти, под обвинение за тероризам се осудени на 15 и 18 години затвориски казни. Ние го осудуваме насилството кое се случи на 27 април, меѓутоа тоа не беше тероризам и со ова ја повикуваме највисоката судска инстанца во Македонија, тоа е Врховниот суд, да ги поништи првостепената и второстепената одлука со кои што им се потврдени нивните затворски казни и да биде судењето вратено во првобитна положба, односно луѓето да бидат ослободени и од слобода да можат да ја докажуваат својата невиност“, вели Александар Пандов Патриотски Институт на ВМРО-ДПМНЕ „Гоце Делчев“.

 

„Се потсетувам на времето кога беше покоен Драган Богдановски, идеолог на ВМРО ДПМНЕ во затвор. Го посетив и вика – не ми е криво што лежам во затвор, криво ми е што сум обвинет од македонски судија и што лежам во македонски зандани. Тоа се случува и денес со нашиве уставобранители кои што влегоа испровоцирани во Собранието, сум можел и јас да бидам, меѓутоа тие влегоа, похрабри и побрзи и осудени се на 211 години затворска казна, што ни во времето на Османлиите немало такви казни кои тие ги добија“, додаде Мане Јаковлевски, Претседател на Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ.

Од Патриотски Институт на ВМРО-ДПМНЕ велат дека овие луѓе биле политички осудени за да се заплашат сите оние кои си ја сакале Македонија и да не се спротиставуваат на Преспанскиот договор кој беше потпишан веднаш после тоа.

„Не само нас тука присутните, мислам дека на секого во Македонија му е апсолутно јасно дека тоа беше политички процес, процес којтребаше да ги уплаши сите граѓани на Република Македонија, за подоцна Зоран Заев да потпише и го спроведи оној срамен договор од Нивици. Ако постои некој човек кој се уште верува дека постоело на 27ми тероризам, верувам дека тоа се само тројцата Зоран Заев, Добрила Кацарска и Вилма Рускоска“, истакна Пандов.

И од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп коии беа дел од денешниот протест го осудуваат овој процес, бараат итно ослободување на осудените и потенцираа дека во иднина ќе се засчести со организирање на вакви протести се до нивно конечно ослободување.

„Сакам да кажам дека невини лежат затоа што којзнае по кој клуч ги одбраа нив да ги осудат, а имаше илјадници луѓе во Собранието на Република Македонија. Никако не може да се оквалификуваат како терористи, ние бараме да не бидат терористи, кој што е крив да одговара, но тероризам немаше никаков. Ако не се отвореа вратите народот не можеше да влези внатре. И што е најважно, во македонското собрание се пееше албанската химна, а за тоа никој не одговара, а одговараат луѓе кои си ја сакаат Република Македонија, својата татковина и лежат невини во занданите низ затворите во Македонија“, изјави Илија Димоски Шаторо, Унија на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Денеска протест во 16 часот ќе има и пред затворот во Штип.

Правосилната пресуда на Апелација за секој од осудените е следна:

  • Митко Чавков – намалување на казната од 18 на 16 години затвор
  • Митко Пешов – намалување на казната од 15 на 13 години затвор
  • Душко Лазаров – намалување на казната од 15 на 13 години затвор
  • Горан Ѓошевски Леви – намалување на казната од 15 на 13 години затвор
  • Оливер Поповски – намалување на казната од 13 на 11 години затвор
  • Оливер Радулов – намалување на казната од 10 на 9 години затвор
  • Мунир Пепиќ – намалување на казната од 15 на 13 години затвор
  • Абдуљфета Алими – намалување на казната од 7 на 6 години затвор
  • Младен Додевски – намалување на казната од 12 на 11 години затвор
  • Јане Ченто – намалување на казната од 15 на 13 години затвор
  • Горанче Анѓеловски – намалување на казната од 12 на 11 години затвор
  • Игор Југ – намалување на казната од 12 на 11 години затвор
  • Влатко Трајковски – намалување на казната од 15 на 14 години затвор
  • Вилијам Михајловски – намалување на казната од 14 на 13 години затвор
  • Никола Митревски – Кољо – намалување на казната од 15 на 14 години затвор
  • Александар Василевски – Нинџа – намалување на казната од 8 на 7 години затвор

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи