Оперскиот пејач Игор Дурловски, еден од учесниците во упадот во Собранието кој се случи на денешен ден пред 5 години, со свој перформанс во паркот Жена борец, карши Собранието на Македонија, ја одбележа годишнината од 27 април.
Имено, Дурловски беше сместен зад решетки, со трака преку устата од каде порача дека „Молчењето е злото“.
Инаку, на денешен ден во 2017 година, се организираше протест пред Собранието, кој изгледаше сосема вообичаено, но ескалираше во моментот кога се избираше претседател на Собранието. Во тој момент, толпата се проби низ полицискиот коридор и преку главниот влез влезе во прес салата. Дурловски учествуваше во упадот и му се судеше заедно со групата која сега е во затвор, но за разлика од нив беше ослободен од обвинение.
135