На Марина Гулеска од Прилеп повторно и е потребна помош


Пријатели, потребни сме и повторно на Марина Гулеска од Прилеп! Благодарение на сите вас кои дониравте пред неколку месеци, помогнавте да се подобри нејзината состојба со нејзината парализа и неможност за движење на едната рака и нога, состојба која е настаната поради мозочен удар.

Овој пат Марина треба да замине на рехабилитација во Турција за нејзиното лекување да даде целосни резултати каде ќе биде третирана со матични клетки.

Овој зафат кошта 21.000 евра кој Марина како невработена, самохрана мајка на 2 деца не може да си го дозволи. Марина од се срце се надева и посакува и овој пат да и бидеме поддршка и помош да го изоди и овој пат и да успее во оваа борба која ќе ја подобри нејзината состојба.

„Ви посакувам се најубаво на сите што ми помогнавте, како и на сите останати кои пројавија желба за донација. Можеби не можам да ви возвратам за Вашата хуманост, но можам само да ви посакам здравје, среќа и долг живот“, вели Mарина.

Броеви за донација: 143-482 А1 и 143-107 ТЕЛЕКОМ

ЖИРО СМЕТКА 210-7000006615/79 ТУТУНСКА БАНКА

ДЕВИЗНА СМЕТКА: NAME/SURNAME: MARINA GULESKA ADRESS: UL. DIMO NAREDNIKOT BR.53B-17 , 7500PRILEP IBAN: MK07 2105 0166 1656 124 BIC/SWIFT: TUTNMK22 BANK NAME: NLB BANKA AD SKOPJE BANK ADRESS: UL. MAJKA TEREZA BR.1 , 1000 SKOPJE.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи