ВИДЕО – Прилепските пазарџии: Под итно да се отстранат дивите продавачи кај новата катна гаража


Прилепските пазарџии се пожалија дека поради дивите продавачи на разни земјоделски култури, кои се лоцирани покрај новата катна гаража, во изминатиот период значително им е намален прометот. Бараат под итно нивно отстранување затоа што велат дека тие си ги подмирувале сите давачки, а додека дивите продавачи ништо.

Бараат итна реакција за оваа ситуација од Општина Прилеп, ЈКП „Пазари“ и инспекциите, во спротивно се закануваат со преземање на порадикални мерки, без да наведат какви ќе бидат тие.

За оваа ситуација прилепските пазарџии објавија и видео.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи