ВИДЕО – „Градиме иднина“: Дневно и по 2.000 деца питачат низ Македонија, Прилеп втор град после Скопје

Секој ден питачат по 2.000 деца на улиците низ Македонија, тие се злоупотребувани од страна на организираната мафија, препродавачите и нивните родители, а 1.500 деца со години не однесени на лекар и нивното здравје е во лоша состојба. Дел од нив дури и бегале од болниците после хоспитализацијата за да се врата повторно на питачењето. Ова се само дел од резутатите до кои се дошло со проектот „Стоп за питачењето и злоупотребата на децата“ на НВО „Градиме иднина“, од каде велат дека ситуацијата во државава била алармантна.

„Децата се во пијана состојба, ги заспиваат од 4 до 10 саати за да спијат, најчесто давајќи им да пијат вотка ги заспиваат. Органите не реагираат за да плачи детето. Голем број деца се плашат и бегаат од своите биолошки родители кои ги тераат присилно да питачат во цела Македонија. Овие пари завршуваат кај организаторите, кај препродавачите, кај макроата, кај нивните главни шефови. Дури децава ги претепуваат присилно и да питачат и после им ги земаат парите, децата од тие пари не гледаат ниту денар“, вели Илија Јовановиќ, НВО „Градиме иднина“.

Јовановиќ бара поголема ажурност на институциите. Потенцира дека дел од децата кои питаат користеле и дрога.

„Прво опоменувајте ги како што кажува службената положба, а потоа преземете мерки Iнституционално, судство, јавно обвинителсто, полиција, труд и социјала, да им се одземе родителското право, да се реши овој проблем. Бараме институционално да се реши овој проблем со отворање повеќе дневни центри, стручни работници од педагози, социјални работници, медицински работници, дефектолози, сите да работат на нивни проблеми“, додаде Јовановиќ.

За разлика од НВО „Градиме иднина“ од каде велат дека после Скопје Прилеп е втор град во Македонија според бројот на деца питачи од Центарот за социјална работа велат дека мал бил бројот на деца питачи и тука немало организирана мрежа. Како стручни тимови работеле на зајакнување на капацитетот на семејствата на овие деца. Сметаат дека оваа појава ќе се сузбиела само ако граѓаните не им даваат пари на децата.

„Најдобрата превентивна мерка е ако не се даваат пари на овие деца. Ако граѓаните не им даваат пари самата појава природно ќе исчезне или ќе се намали. Граѓаните да не паѓаат дека тие пари се за децата, туку тие пари се за некој кој стои позади нив“, изјави Дејан Тошески, директор на Центар за социјална работа Прилеп.

Проектот „Стоп за питачењето и злоупотребата на децата“ ќе се реализира во наредниот период во сите поголемии градови во Македонија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи