На „Гумење“ во Крушево денес се одржа настанот за одбележување на Денот на македонската полиција со изложување и презентација на опремата со која работи Министерството за внатрешни работи. На настанот присуствуваа градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски и заменик директорот на БЈБ Ариф Асани. И двајцата ги посетија штандовите каде што службите имаа кратки презентации за опремата.
„Ова е еден несекојдневен настан кој за прв пат се одржува во Крушево и добро е што преку овие настани граѓаните одблиску се запознаваат со работата на безбедносните служби. Благодарам за посетата на заменик директорот Ариф Асани и се надевам на уште подобра соработка.”, порача градоначалникот на општина Крушево.
Настанот го организираше МВР со поддршка на општина Крушево.