Oд печат излезе првиот публицистички труд со наслов „Културата и традицијата на поречката заедница” од авторот Бојан Бежоски. Книгата го опиштува начинот на живеење на поречаните во 21 век и е плод на седум месечно теренско истражување на авторот.
Во книгата се опфатени народните обичаи, народните песни, народните приказни, народните верувања, народната медицина, погребни ритуали и многу други записи, а сето тоа е поткрепено со фотографии.
„Ако Полскиот антрополог Јозеф Обрембски во неговите записи од 1932 година ни кажува како живееле поречаните, мојата книга кажува како живеат поречаните 90 години подоцна. Книгата е печатена во издавачката куќа Дата песнопој Битола. Издавач е Илија Мерковски. Книгата е публицистички труд“, вели авторот Бојан Бежоски.