Во 1991 тројца вработени „издржувале“ еден пензионер, сега тоа го прават 1.7 вработени

Facebook
Twitter
Email
Print
Во далечната 1991 година, односно пред 31 година, имало 538.887 вработени и 180.749 пензионери. Така, соодност меѓу вработените и пензионерите бил 3:1, покажува анализата на „Пари”. По драстичниот пад на бројот на вработените во периодот на транзицијата, бројката е вратена, а веќе е и надмината во однос на тогашното ниво и според последните податоци (за 2020 година) во Македонија има 571.863 осигуреници со задолжително пензиско и инвалидско осигурување, но истовремено 326.295 корисници на пензија. Така, во 2020 година соодносот меѓу бројот на вработени и пензионери бил 1,7:1.
Нарушувањето на соодносот меѓу бројот на вработени и пензионери не е нешто што е карактеристично само за нашата земја. Тоа е глобален проблем со стареењето на полулацијата, но кај нас, во време на транзицијата тој дополнително се искомплицира со масовното губење на работните места и со намалувањето на бројот на вработените. Така, од 534.887 вработени во 1991 година, бројката стигнала до 321.105 вработени (најниско ниво), потоа постепено се зголемувала и прагот од 400.000 вработени со платени придонеси е надминат во 2007 година. Во 2012 година пак, е надмината бројката од 500.000 вработени и тогаш се евидентирани 507.061  вработени и оттогаш таа постојано помалку се поместува во нагорна линија.За разлика од трендот на движење на платите кои оделе надолу па нагоре, бројот на пензионерите постојано се зголемувал. Така, во 1991 година имало 180.749 пензионери, а 2021 година е завршена со 328.570 корисници на пензија.

Гледано низ годините, за 4 години од 1991 до 1995 година соодносот на бројот на вработени и на пензионери од 3:1 се намалил на 2:1, а потоа во наредните 5 години се „лизнал“ на 1,5:1. Од 2002 до 2006 година, тој сооднос се закотвил на  1,3 вработени во однос на 1 пензионер, за да потоа во наредните години малку се подобрува, достигувајќи го врвот во 2015 година кога имало 1,9 вработен на еден пензионер. Фондот за ПИОМ не нуди податоци за периодот од 2015 до 2020 година, но во 2020 година состојбата е влошена во однос на 2015-та!

Соодносот на бројот на корисниците на пензија и бројот на вработените

ОДИНА БРОЈ НА ВРАБОТЕНИ БРОЈ НА КОРИСНИЦИ НА ПЕНЗИЈА БРОЈ НА КОРИСНИЦИ НА ПЕНЗИЈА НА 1000 ВРАБ. БРОЈ  НА ВРАБ. НА 1 КОРИСНИК НА ПЕНЗИЈА
1991 534.887 180.749 338 3,0
1995 427.658 219.307 513 2,0
2000 367.162 241.221 657 1,5
2001 351.009 247.200 704 1,4
2002 332.728 249.421 750 1,3
2003 321.105 254.267 775 1,3
2004 348.212 260.075 747 1,3
2005 348.500 262.152 761 1,3
2006 394.882 269.681 714 1,5
2007 424.338 272.386 693 1,6
2008 451.491 273.281 654 1,7
2009 475.780 273.977 576 1,7
2010 466.280 273.751 587 1,7
2015 558.821 299.640 536 1,9
2020 571.863 326.295 571 1,7

Извор: Фонд за ПИОМ

КАКО Е ВО РЕГИОНОТ?

Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/vo-1991-godina-trojca-vraboteni-izdrzuvale-eden-penzioner-sega-toa-go-pravat-17/

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи