Седум лица тешко повредени, а 33-ца полесно во вчерашната сообраќајка на два автобуси

Во ОВР Прилеп вчера пристигнала пријава околу 05.45 часот дека на ул.„Браќа Миладиновци” во населба Точила во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „Ман” со прилепски регистарски ознаки, управуван од Г.С.(60) од Прилеп и автобус „Мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, управуван од Ц. Ц.(68) од Прилеп, двата превозници на работници од фирми, од кои едниот бил празен, а другиот бил со патници.

Во несреќата седум лица (К.Н., П.Т., М.И., М.Д., Б.П., Д.Ѓ. и А.М.) се здобиле со тешки телесни повреди, а 33 лица се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општа болница Прилеп“, откриваат од МВР.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа на ОВР Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи