Лишени од слобода 2 прилепчани, кај нив било пронајдено оружје


Денеска (05.05.2022), полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп – Отсек за недозволена трговија ги лишиле од слобода Е.Е.(34) и С.Д. (29), двајцата од Прилеп.

„При претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, кај Е.Е. бил пронајден и одземен еден пиштол марка „Ekol Tuna” без муниција, додека кај С.Д.  биле пронајдени и одземени пиштол марка „Застава” и 6 куршуми калибар 6,35 мм. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик“, велат од СВР Битола.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи