Пред прилепските бизнисмени претставени специјализираните програми за вклучување на граѓаните во пазарот на трудот

Ранливите групи на пазарот на трудот ќе се вклучуваат во специјализирани програми и услуги за развој на вештини. Со ваква реформа најзагрозените, сиромашни категории граѓани кои не се активни подолго време и се под социјална заштита, ќе се вклучат во пазарот на трудот. Ваква порака пред прилепските бизнисмени денеска пренесе Наташа Здравковска, координатор на проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“, што го реализира Агенцијата за вработување со финансиска поддршка од Европската унија. Целта е да се намали долгорочната невработеност и зависноста од гарантираниот минимален приход.

„Граѓаните ќе добијат услуги за советување и мотивација (СИМ програма) преку психосоцијална и менторска поддршка како прва компонента на проектот. По ова ќе следува вклучување на пазарот на труд преку обуки и вработување преку четири активни мерки: обуки за побарувани занимања, обука кај познат работодавач, практикантство и субвенционирано вработување“, рече Здравковска.

Претставниците од Агенцијата за вработување, пред бизнисмените ги презентираа придобивките за граѓаните кои примаат гарантиран минимален приход и за компаниите кои ќе ангажираат граѓани од овие ранливи категории. Според нив, оваа цел ќе се постигне само со ефективно вклучување на ранливите групи, посебно на корисниците на гарантирана минимална помош на пазарот на труд.

Во реализација на проектот учествуваат центрите за вработување и центрите за социјална работа, кои меѓу себе комуницираат преку систем за електронска размена на податоци за подобра селекција и ефикасност на процесот. Во проектот се вклучени повеќе од 1500 лица, корисници на гарантирана минимална помош, од кои досега најмалку 5 проценти веќе се вработени. Реализацијата на проектот обезбедува информации за ранливите категории граѓани, како што се нивниот став, менталитетот, уверувањата и предрасудите, како основа за приспособување на активните мерки и услугите на двете институции за да се постигнат подобри резултати на теренот. Притоа, главни партнери – поддржувачи на ваквата активност се центрите за вработување, центрите за социјална работа, како и бизнис заедницата на локално ниво.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи