Ова не е шведска маса па да си бираат Ахмети и Ковачевски што им се допаѓа, а што не им се допаѓа. Ова е пакет кој што го нудам, ќе зборуваме за се што е актуелно и што им е потребно на граѓаните, а предвремени парламентарни избори мислам дека сите ќе се сложите дека се неопходни час поскоро да се случат, ова денеска во Прилеп го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Предвремени парламентарни избори се потребни за да може Македонија да излезе од оваа кризна состојба во која што се наоѓа. Така што подготвен сум, 10-ти е за 4 дена од денеска, да зборуваме за сите отворени прашања, како и за определување дата за одржување на предвремени парламентарни избори. Јас реков дека тие не се решението, тие се проблемот. А бидејќи тие се проблемот, треба да разговараме за решението на тој проблем, а тоа се предвремени парламентарни избори. Затоа велам, има маса, таа маса има 4 тима од искусни луѓе подготвени да им помогнат и јас сум тука очи в очи да разговараме за предвремени парламентарни избори“, рече Мицкоски.