ВИДЕО – Мицкоски преговорите СОНК-Влада ги нарече симулација


За СОНК денеска продолжуваат преговорите колку што сум информиран, не знам до каде е ова кое што би требало да изгледа како симулација на преговори. Дали беше целта да се растегне периодот па да се намали револтот кај наставниците, професорите и вработените во градинките?, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Прилеп.

„Ако таа беше стратегијата, беше неуспешна бидејќи фрустрацијата кај луѓето е се поголема. Длабоко во себе посакувам да има добар договор, договор со кој ќе бидат задоволни вработените во училиштата и градинките. Ние како ВМРО ДПМНЕ апсолутно ги поддржуваме нивните барања, поднесовме Закони во парламентот, но за жал Владата на СДСМ и ДУИ тоа сето го одби, така што тука мислам дека во позадина се кријат други работи, но мислам дека времето ќе покаже кои се тие“, рече Мицкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи