Денеска во Крушево се спроведе успешна еко акција за собирање на отпад во рамки на „Генералка викенд“. Акцијата ја предводеа младите од ООУ „Никола Карев“ и СОУ „Наум Наумовски Борче“, а учествуваа и вработените во општина Крушево, советниците, Комуна и волонтери.
„Оваа активност е во насока на подигнување на свеста за заштита на животната средина и соработката помеѓу комуналното претпријатие и граѓаните. Се надеваме на долгорочно чување на овие места од аспект на чистота“, велат од „Комуна“.
Се чистеше кај: Детско игралиште на Гумење, спортски центар „Езеро“, околината на споменикот Питу Гули и кај „Кај клупата“. Во акцијата се собраа околу 30 вреќи отпад, од кој најмногу пластика.
„Да ги зачуваме овие места чисти како што се денес после акцијата. Крушево е наша иднина и ние сме одговорни за тоа. Благодарам на сите што се вклучија”, изјави претседателот на совет на општина Крушево Андреј Николоски.