ВИДЕО – Ковачески: За снимката која се појави од Собранието, одговор треба да се бара во Собранието


Вчера имав одговор за една снимка која се појави од Собранието и кажав дека на таа снимка не се гледа кој со кого зборува. Од таа причина не можам да ја коментирам и од таа причина коментар треба да се побара од Собранието на Република Северна Македонија, бидејќи Собранието е посебна власт, тоа е законодавна власт, во која согласно деловник се уредени односите во Собранието, вели премиерот Ковачесвки.

Во однос на снимки што претходно имало, судската пракса и судскиот систем велат дека судски одлуки се носат врз основа на докази, односно врз основа на материјални докази низ судска постапка. Јас не можам да коментирам ни за тие снимки од тогаш, бидејќи тоа го прават судските органи низ судски случаи преку изведување на материјални докази, за што веќе има пресуди во државата. Но пресуди кои се засноваат на фактички, материјални докази, кои што се изнесени од страна на обвинителство и кои се пресудувани од судови, кои нормално дека работат независно врз основа на законите на државата“, кажа Ковачесвки.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи