ВИДЕО – Прилеп конечно доби магнетна резонанца


Прилепчани за прв пат по децени чекање и голем број неисполнети ветувања конечно добија магнетна резонанца во општата болница. Бенефит од овој долго очекуван уред за дијагностика ќе имаат околу 120.000 жители од Прилеп, Крушево, Македонски Брод  и другите помали општини. Граѓаните од регинот за оваа услуга сега нема да мора да патуваат за Скопје или Битола.

„Апарот од денес е поврзан во националниот електронски систем „Мој термнин“ и во папс системите. Апаратот за магнетна резонанца е набавен како дел од ИПА Фондовите за нашата држава за справување со здравствени закани, а зајакнувањето преку овој проект продолжува и во другите општини во други здравствени установи“, рече Беким Сали, министер за здравство.

 

„Во изминатиов период е спроведена обука и пробни снимања од страна на лекарскиот тим и другиот медицински персонал кои што се целосно подготвени да им ги пружат услугите на своите сограѓани и со тоа да обезбедат најдобра здравствена услуга“, кажа Димитар Ковачевски, премиер на РМ.

Освен за набавка на опрема се работело и на специјализациите на лекарите. Во изминативе 4 години на специјализација биле испратени 40 лекари, од кои само во последната година имало 26 специјазализации и 4 супспецијализации.

„Тоа е достигнуавње кое значи доопремување на болницата, подобрување на здравствените услови на пациентите, подобра дијагностика, ќе продолжиме да инвестираме пред се во стручен кадар, опрема и инфраструктура“, додаде Кети Смилеска, директор на општа болница Прилеп.

Но Министерот за здравство не даде конкретен одговор за тоа дали и колку нови лекари и друг медицински персонал ќе се вработи оваа година во болницата, ниту тоа дали и кога Итната медицинска помош во Прилеп ќе добие современ објект, затоа што постоечкиот е стар скоро 1 век и е во катастрофална состојба.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи