ВИДЕО – Проданоски: За време на ВМРО ДПМНЕ инвестициите во здравството беа секојдневие, сега не се одржуваат ни затекнатите апарати


Почитувани, денес во посета на прилепската болница дојде Димитар Ковачевски, да пушти во употреба апарат и оддел за магнетна резонанца. После 5 години власт на СДСМ, конечно ние прилепчани, дочекавме некаква инвестиција во прилепската болница, во истата болница каде за време на грејната сезона немаше затоплување,во болницата каде мамографот подолг период не е во функција и апаратите не се одржуваат, во болницата каде долгот е сериозно зголемен од кога ја менаџираат кадри на СДСМ, изјави на денешната прес конференција претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп, Дејан Проданоски.

„Како не му е срам на Премиерот Ковачески да доаѓа во болницата во која имаше најмногу смртни случаи за враме на ковид-пандемијата! Прашуваме, зошто Ковачевски, повторно ги избегна тутунарите, на кои сеуште не им се исплатени субвенциите?  Ги праша ли воопшто некој од владата овие луѓе како набавуваат репроматеријали и нафта, како преживуваат, како врзуваат крај со крај? Дали е целта уништување на тутунопроизводството, се со цел задоволување на фамилијата т.е. мафијата да го користи користи регионот за производство на марихуана?

Какви мерки превзема Ковачески за безбедносната состојба во Прилеп кој се повеќе наликува на нарко-мафијашки град, во кој секојдневно има тепачки, пукање од огнени оружја во угостителски објекти, запалени автомобили, тешки кражби и убиства? Дали ваквата состојба се должи на поддршката на сторителите на криминал од страна на истакнати функционери на СДСМ во Прилеп?

Дали ќе превземе нешто против сериозните скандали за вмешаност во криминал на високи полициски службеници !?

За жал, неспособноста на Ковачевски и владата предводена од СДС, најмногу ја чувствуваат граѓаните на свој грб. Во овие 100 дена старо-нова влада предводена од Ковачевски, како продолжена рака на деструктивните политики на Зоран Заев, нема ништо друго освен растечка сиромаштија, високи цени на основни прехрамбени продукти, зголемени сметки и давачки, национално понижување, тргување со националните интереси……

Почитувани, на Македонија и се потребни предвремени избори, тоа е единствениот начин за спас од неспособноста на СДСМ и Ковачевски. Избори, за да се стави крај на недомаќинското работење, нерационалното трошење пари, огромното задолжување, крај на бедата и сиромаштијата кои ги имаат зафатено граѓаните“, истакна Проданоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи