Во првиот квартал од оваа година бизнис-битката ја згубиле 3.920 компании и ставиле клуч на врата, покажуваат податоците на платформата Бизнис.Мрежa.мк.
Податоците на платформата Бизнис.Мрежa.мк от
СЕКОЈА ТРЕТА ЗАТВОРЕНА ФИРМА Е ТРГОВСКА
Во трговијата се затвориле дури 1.264 комании, што значи дека секоја трета затворена фирма е или продавница, или тргиовија на големо. На второ место се компаниите од преработувачката индустрија. Се затвориле 467 фирми. Со шифра „објекти за сместување“ се избришани 442 фирми. На четвртото место по згаснати компании во 2021 година се градежни компании со 315 згаснати фирми и ако се анализира цела мината година, компании од оваа дејност не влегуваа во првите 5 дејности каде најмногу се затвораа фирми. Во 2021 година згаснале и 287 компании што се занимавале со транспорт и складирање.
5 ТОП ДЕЈНОСТИ ПО ЗАТВОРЕНИ ФИРМИ
ДЕЈНОСТ | ЗАТВОРЕНИ ФИРМИ |
---|---|
Трговија | 1.264 |
Преработувачка индустрија | 467 |
Објекти за сместување | 442 |
Градежни компании | 315 |
Транспорт и складирање | 287 |
НАЈМНОГУ ЗАТВОРЕНИ ФИРМИ ОД СКОПЈЕ, ТЕТОВО, БИТОЛА И КУМАНОВО
Од затворените компании 39,5 се наоѓаат во Скопје и тоа, очекувано, е најголемиот удел во вкупниот број на затворени компании. Тетово е втор град во кој има најмногу затворени фирми, во 2021 година клуч на врата ставиле 226 правни субјекти. Во Битола, минатата година се затвориле 199 фирми, 161 фирми згаснати фирми се од од Куманово. На крајот од првата петорка на градови во кои лани фирмите ја загубиле бизнис-битката е Гостивар со 157 затворени фирми.
5 ГРАДОВИ СО НАЈГОЛЕМ БРОЈ НА ЗАТВОРЕНИ ФИРМИ И 3 НАЈИЗБРАНИ БАНКИ