Студиска посета во Република Австрија во рамките на проектот “eHelp:Подобрување на пристапот до социјални услуги преку дигитализација и вмрежување”

Во периодот од 9ти до 13ти Мај 2022 година во организација на Мрежата на ЛАГОВИ и австриските организации Verein LAG Regionalmanagement regio3, DachvereinzurRegionalentwicklungFuschlseeregion – Mondseeland (FUMO) и RegionalentwicklungsagenturZeitkulturOststeirischesKernland се реализираше студиска посета на Република Австрија.

Претставници на нашата држава во состав: Марина Тошеска – проектен координатор и претставник на ЛАГ АГРО ЛИДЕР, Ресми Ејупи- Државен Секретар на МТСП, Душан Томшиќ – претставник на МТСП, Николче Мискоски – градоначалник на општина Кривогаштани, Киро Нацков – градоначалник на општина Градско,  Ајша М.Топалоска – претставник на општина Долнени, Зоран Јаневски – претставник на општина Велес, Гордана Младеновска – Директор на Агенција за вработување- Прилеп, Дејан Тошески – Директор на ЈУ Меѓуопштински Центар за социјални работи – Прилеп, Душица Габерова – претставник на Центар за развој на Вардарски плански регион и Ирена Жарова – претставник на ЛАГ ВАРДАР ЛЕАДЕР имаа можност да се запознаат со програмите за обезбедување на социјални услуги во Република Австрија.

Во градот Хартберг беше остварена средба со градоначалникот на Хартберг –г-н Карл Пак, и градоначалникот на Штајмарк – г-н Гералд Мајер и беа реализирани посети на Домот за стари лица, Црвен Крст – Хартберг, детска градинка и Младинскиот центаркој обезбедува психо-социјална поддршка за млади лица.

Претставниците од нашата држава имаа состанок со претставници на Австриското Социјално Министерство – г-н Харалд Фугер,  г-н Роберт Хаслахер, г-н Харалд Пакси и г-ѓа Сабине Шранк на која беа презентирани дел од политиките на Република Австрија во областа на социјални услуги како и програмите на Република Австрија за развој на социјални услуги за помош и нега.

Добри практики во областа на инклузија и вработување на лица со попреченост беа споделени од страна на г-н Кристоф Шрајнер – претставник наWien Work – едно од  најголемите социјални претпријатија во Австрија што е препознатливо не само во Австрија,туку и во Европа и пошироко по својата професионалност, успешна работа и иновативни пристапи во обезбедување на поддршка до вработување, со посебен фокус на лицата со попреченост.

Во Виена воедно се остварија средби со претставници на социјалниот бизнис– хотел Магдас, претставници на reStart – програма на Caritas и Социјалниот простор за уметност во заедницата.

Студиската посета заврши со средба со Амбасадорот на нашата држава во Република Австрија – г-н Освит Росоклија и претставници на Амбасадата во Виена на која беа презентирани дел од проектите и иницијативите кои се реализираат во нашата држава со поддршка на Република Австрија.

Студиската посета се реализирашево рамките на проектот “eHelp:Подобрување на пристапот до социјални услуги преку дигитализација и вмрежување” финансиран од Австриското Федерално Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи, со цел презентација на добри практики од Република Австрија и обезбедување на поддршка за креирање на програми за воведување на социјални услуги во нашата држава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи