28 санкции за брзо возење во Прилеп

15.05.2022 во периодот од 11 до 17.00 часот  на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната.

Притоа, санкционирани биле 85 возачи, од кои 26 на територија на Ресен, 21 санкција на територија на Битола, 28 во Прилеп, 6 во Демир Хисар и 4 во Крушево.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи