17.05.2022 на територијата на СВР Битола полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната.
Притоа, санкционирани биле 27 возачи, од кои 13 санкции на територија на Ресен, 5 санкции во Битола и 9 во Прилеп.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.