Посета на делегација на Швајцарската амбасада на Рурална Коалиција


Рурална Коалиција беше домаќин на Високата делегација на Швајцарската амбасада вклучувајќи ги амбасадорката на Швајцарија, H.E. Veronigue Hulmann, амбасадорката и шефица на Евро-азиската дивизија во Берн, г-а Anna Ifkovits Horner, како и Carin Salerno, шефица на Западно Балканската дивизија. Целта на посетата беше да се претстави реалната слика на делувањето на граѓанските организации, но и да се разгледаат позитивните промени кои што сме успеале да ги направиме со програмата на Civica Mobilitas.

Но, исто така разговаравме и отворивме дебата за овозможувачката околина во која што делуваат граѓанските организации особено на локално ниво, за потребата од достигнување на балансиран регионален и локален развој, како и за неопходноста од градење на цврсти и стабилни партнерства со сите локални чинители, општини, локален бизнис сектор, медиуми.

Говоревме за состојбата со одржливоста на граѓанските организации особено на оние помалите, како и за извори на финансирање на активностите во заедницата кои што ќе бидат различни од она што во моментот го имаме односно странската финансиска поддршка.

 

Особено ја истакнавме потребата од создавање на реални но и долгорочни партнерства со институциите и Владата која што е клучна не само за финансирањето на активностите на граѓанското општество туку и за реално наше вклучување во процесите на креирање на политики и донесување на одлуки.

И секако говоревме за достигнувањата на Рурална Коалиција, за предизвиците во производството на храна, за органското производство, но и за потребата од адаптација на земјоделското производство кон климатските промени.

Говоревме исто така и за положбата на жените од руралните средини, за заложбите на нашите членки во Руралното Женско Лоби, за нашите мартовски кампањи, за потребата од засилено застапување на локално ниво особено кога е во прашање економското јакнење, но и учеството на жените во процесите на донесување на одлуки на локално ниво

Не ги испуштивме ниту младите и предизвикот како да ги задржиме во руралните средини, но и колку и како ги поддржува државата во остварувањето на нивните цели и идеи и колку вложува во руралниот развој.

 

 

Ги дискутиравме потребите и идните насоки за развој на граѓанското општество, државното финансирање, транспарентноста и отчетноста и на институциите, но и на граѓанските организации, конструктивноста и ефективноста на граѓанското учество во консултативните процеси на донесување на политики и стратешки документи, но и насоките во кои што треба да се движи развојот на локалната заедница паралелно со развојот на граѓанското општество.

Секако дека на крај ги почестивме со производите од Наша тезга кои што искрено се надеваме дека ќе им се допаднат.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи