ВИДЕО – СОУ „Ѓорче Петров“ ги претстави своите атрактивни смерови пред деветтооделенците


Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ во Прилеп денеска ги отвори вратите за да ги запознае идните средношколци со своите смерови.

„Во нашето училиште ја имаме здравствената струка која што е застапена со паралелки: медицинска сестра, физиотерапевтски техничар и фармацевтско лабораториски техничар. Имаме личнии услуги техничар за убавина и фризер. Имаме текстилна струка, рударско геолошка струка и дрвопреработувачка струка.  Лани и оваа година имаме 2 дуални паралелки со текстилната струка и со рударско геолошката струка“, вели Петра Лукароска, директор на СОУ „Ѓорче Петров“.

Интересот кај одредени струки не задоволува како на пример рударско геолошката. Иако Прилеп има 33 рудници за мермер, гранит и други неметали, во кои постојано се бараат стручни лица, со плата од над 600 евра, геолошко рударските техничари и ракувачите со рударски машини не се атрактивни за средношколците. Годишно се запишуваат само од 3 до 4 млади, а побарувачката на овој кадар е голема.

„Тие мислат дека ова е тешка физичка работа и не сакаат да доаѓаат овде, но како напредуа технологијата во се, компјутеризацијата, така напредува и во нашата бранша, се е механизирано, се е дигитализирано, рачна работа во овие рудници повеќе нема. И треба да знаат дека не е само работа во рудник ние истражуваме подземни води, бушиме, цртаме геолошлки карти, одиме на терен, се занимавме со геолопка картирање, собираме минерали кои ги имаме и тука во нашата збирка, но за жал интересот е мал“, истакна Виолета Николоска, професор по стручни предмети за геологија и рударство.

И кај струката преработувачи на дрво се надеваат дека бројот на ученици ќе се зголеми затоа што имало недостиг кај компаниите од ваков кадар.

„Се надеваме дека исто оваа година дека ќе има интерес. Бидејќи како што гледаме се бара работа за оваа професија. Се отвораат работилници, се отвораат компании кои пројавуваат интерес за вработување на деца кои имаат завршено од овој профил“, додаде Пеце Алексоски, професор по стручни предмети за шумарско, дрвопреработувачката струка.

Кај техничарите пак за моделирање и изработка на облека интересот бил се поголем бидејќи работеле во соработка со текстилните компании и нивните потреби.

„Значи според потребите на самиите компании, тие излагаат каков кадар им треба, а ние им стоиме на располагање, во соработка со компанииите сии ги обучуваме и учениците“, истакна Наташа Мирческа, професор по стручни за текстилна струка.

Најбарана пак со години наназад е медицинската струка.

Моментот да им помогнеш на другите и да знаеш дека си одиш дома и си направил добро дело, си спасил нечиј живот. Бидејќи многу често туѓи животи се во наши раце. Нема поголем благодет од тоа да спасиш нечиј живот од едно медицинско лице“, кажа Теодора Велкоска, ученик во средното училиште „Ѓорче Петров“ Прилеп.

На настанот присуствуваа деветтооделенците од нашата општина и нивните наставници, а беа присутни и претставници од компаниите со кои соработува оца средно училиште.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи