Јанески: Одлуката за избор на кандидати ја потпишав пред распишување на изборите, Левица манипулира и лаже за ситни политички поени


Почитувани граѓани, во врска со соопштението на советниците на партијата Левица должен сум да ве известам за следново: Целосно неточни се наводите во соопштението и истите ги сметам за тенденциозни и злонамерни, вели во својата реакција поранешниот директор на ЈКП „Водовод и Канализација“ – Прилеп, Емил Јанески, која доаѓа по соопштението од партијата Левица каде тие го обвинуваат за злоупотреба на службената положба.

„Имено огласот за кој станува збор беше расписан во јуни месец после претходно обезбедена финансиска согласност и согласно годишниот план за вработување на ЈКП „Водовод“, одобрен од Општина Прилеп и Министерството за информатичко општество. После спроведување на постапката во согласност со Законот за работни односи и Законот за јавни претпријатија, комисијата до мене како директор достави предлог одлука со кандидатите кои се избрани на огласот.

Одлуката за избор на кандидатите јас како директор ја потпишав на 03.08.2021 година или на 04.08.2021 година, а никако на 06.08.2021 година, кога претседателот на Собрание ги објави локалните избори и тоа во вечерните часови.

Веднаш после распишувањето на изборите огласот беше ставен во мирување се до завршувањето на локалните избори.

Што се однесува пак до огласот за јавна администрација, одговорното лице во јавното претпријатие само го распишува огласот, додека пак Агенцијата за јавна администрација има обврска во целост да го спроведи огласот и да се грижи за легалноста на постапката, тестирање на кандидатите, интервју на истите, предлог одлука, објава на сите документи поврзани со огласот. Директорот на ЈКП „Водовод“ е должен актите кои ќе ги изготви Агенцијата за јавна администрација да ги потпиши и да ги достави до Агенцијата, која повторувам е должна да го спроведи целиот оглас.

Меѓутоа советниците или Советот на Општината се основачи на Јавните претпријатија. Оттука тие имаат право да побараат точна информација од ЈКП „Водовод“ и потоа да настапат аргументирано, а не по допрен глас. Тоа не се граѓани на кои им е сложено да дојдат до точни информации, туку советници на кои претпријатието е должно да одговори на секое прашање.

Со изнесување на лаги и невистини во обид да се собере некој ситен политички поен се сака да се дискредитира моето име. Меѓутоа советниците на Левица треба да знаат дека лажното пријавување дури и по допрен глас ( така слушнав ), претставува кривично дело. Јас сум приврзаник на демократијата и слободата на говорот, но нема да дозволам повеќе со лаги и клевети да се дискредитира моето име“, вели во реакцијата Јанески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи