Туристичка Организација Бар во соработка со општина Бар и велосипедскиот клуб „АМСК Суторман“ и годинава организираа голема меѓународна „Даунхил велосипедска трка“ на Суторман, која традиционално по деветти пат се одржa во Суторман од 28 до 29 мај 2022.
На трката, учествуваа натпреварувачи од Црна Гора и околните земји. За љубителите на екстремните спортови, како и за сите авантуристи кои сакаат ваков тип на адреналин, „Downhill bike“ е вистински предизвик! Велосипедот Downhill е многу популарен спорт каде што, покрај домашните натпреварувачи, интерес за учество на оваа трка покажуваат и повеќето туристи.
Овој спорт привлекува многу инвестиции, како во подготовката на патеката, така и во опремата, бидејќи се користат специјални велосипеди наменети за планинските предели. Безбедноста во овој вид спорт е од клучна важност, имајќи ги во предвид големите брзини при спуштање и балансирање на нерамен терен.
На трката во Црна Гора единствени учесници од Македонија беа прилепската екипа „Skyriders“ кои очекувано освоија две 4-ти и едно 2-ро место.
- Александар Стојкоски – 2-ро место Masters
- Бобан Митрески – 4-то место Elite
- Александар Спиркоски – 4-то место