ВИДЕО – Прилепскиот музеј демантира дека состојбата на Трескавец е катастрофална, биле преземени бројни мерки, ќе се барало и странска помош


Од Заводот и музеј Прилеп ги демантираат тврдењата на научниците и претставниците на МПЦ кои ги дадоа на науниот собир во саботата дека состојбата во која се наоѓа манастирот Трескавец е катастрофална и велат дека во последните неколку години се направило доста за овој објект. Потрошени биле 2 милиони евра за изградна на новите конаци, 700.000 денари за покривање и заштита на камбанаријата, а со монтажни скелиња за заштита од атмосферски влијанија веќе 6 години е заштитена и црквата. Од музејот демантираат и тоа дека имало и до 90%влажност во ѕидовите од црквата.

„Ние се судираме со големи проблеми не можевме да најдеме фирма во врска со испитувањето на влагата и на конаците и сега исто така имаме проблем со влагата во црквата. Реални проблеми кои не можеме така брзо да ги решиме, Ние кубуриме во државава со таков кадар кој е соодветен да направи темелен проект за конзервација на самата црква, а тоа што со со децениии била оставена така црквата, тоа јас не можам да сега да кажам од кои причини било така“, вели Благоја Атанасоски, директор на Завод и Музеј Прилеп.

Бидејќи кај нас нема стручни конзерватори за вакви проекти веќе било договорено тука учество да земе експерт од Грција. Но нема одговор зошто се чекало со децении Трескавец да се распаѓа, па да се ангажираат странски експерти ако веќе ние не сме знаеле што да правиме. Бидејќи Трескавец е граден во повеќе фази и векови, сега дилема било во која фаза да се врати назад црквата и да се конзервира. Затоа толку и се чекало, а нема одговор и колку време тоа би одело.

„Живописот ќе биде заштитен во таа фаза во која што е сега. Тоа што е пропаднато е веројатно е пропаднато, ние не можеме да го вратиме. Архитектурата на самата црква е толку комплицирана, работена е во многу фази и до ден денес не се расчистени сите фази и затоа треба да се направи проект во која фаза ние црквата ќе ја вратиме во таа состојба“, додаде Атанасоски.

Од Музејот велат дека бидејќи научната фела била под МОН немала потреба да зборува за тоа колку пари од Министерстото за култура се одделуваат за заштита и вакви проекти.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи