Регулаторна со нова одлука – поскапува дизелот

Facebook
Twitter
Email
Print

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,36 % во однос на одлуката од 23.05.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,323 ден/кг и изнесува 54,640 ден/кг.

Од 31.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин     ЕУРОСУПЕР БС – 95       95,00  (денари/литар)

Моторен бензин    ЕУРОСУПЕР БС – 98     97,00  (денари/литар)

Дизел гориво    ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)    86,00 (денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  84,50  (денари/литар)

Мазут М-1 НС      54,640 (денари/килограм)

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи