Шумската полиција вчера и денеска заплени 2 возила кои превезувале нелегално исечени дрва како и еден камион. Автомобилот, марка „Ауди 80“, е фатено кај Ракле, дрвокрадците избегале и го напуштиле возилото.
Товарното возило марка MAN е запленето на улица „Александар Македонски“ од кое биле одземени и 7,5 метри просторини бесправно исечени дрва.
Утринава пак околу 9 часот на улица „Ладо Лапецо“ запленето е возило исто марка „Ауди 80“.
Против сторителите ќе бидат поднесени кривични пријави, а пријава ќе има и за едно правно лице.