Антикорупциска: Рашковски и Зекири потрошиле 2.5 милиони евра за хонорари

Facebook
Twitter
Email
Print

Антикорупциска поднесе предлог до Јавното обвинителство за кривично да ги гони поранешните генерални секретари на Владата, Драги Рашковски и Мухамед Зекири за незаконско ангажирање на луѓе надвор од редот на вработените со авторски договори за што им биле исплаќани хонорари, односно за 5 години го оштетиле Буџетот за речиси 2,5 милиони евра.

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска посочи дека дел од ангажманите биле за советување, организација на обуки, креирање записници, присуство на средби и состаноци, ИТ одржување, изработка на физибилити студии, кои најчесто не претставувале креирање на интелектуален труд. Таа вели дека во последните четири години од секретаријатот до Агенција „Артпциг“ испратени се повеќе од 170 барања за изработка и склучување авторски договори со конкретни лица.

„Ако владата сака да има заштеди во буџетот, треба да знае како да постапува во иднина. Имаме сомневања за кривично дело и сме должни да постапиме“, рече Ивановска на седницата.

Рашковски и Зеќири ги злоупотребиле и дискреционите овластувања, така што била загрозена транспарентноста на вработувањата во јавниот сектор. Односно, лица кои претходно биле вработени со авторски договори потоа биле примани во редовен работен однос, претходно стекнувајќи се со предност пред останатите кандидати кои се јавиле на конкурсите, што исто така преставува кривично дело.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи