Општина Прилеп започна со реконструкцијата на кракот од улицата „Борка Талески“, односно дел од плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ на потегот од споменикот на Пеце Атанасоски до ООУ „Кочо Рацин“.
Овој проект кој е дел од развојната програма на Општина Прилеп за 2022г. предвидува фаза во која ќе се врши реконструкција и на водоводната мрежа, со што ќе треба да се подобри квалитетот на водоснабдувањето и можните дефекти во иднина на овој крак од улицата.
„Со оглед на градежните активности кои ќе се одвиваат следниот период на ова место, Општина Прилеп ги замолува граѓаните и дуќанџиите кои делуваат во тој дел на чаршијата за поголемо трпение и претпазливост во нивното движење таму каде што ќе се одвиваат градежните активности. Имајќи предвид дека комплетно ќе се реконструира и водоводната мрежа сакаме да ги известиме граѓаните дека во одредени делови ќе има прекин на водоснабдувањето поради градежните зафати“, велат од Општина Прилеп.
Овој проект е од големо значење за општина Прилеп, како и за враќање на сјајот на прилепската чаршија.