Слободни 8.729 работни места во првиот квартал

Facebook
Twitter
Email
Print

Во првиот квартал годинава стапката на слободни работни места изнесува 1.75 проценти. Од вкупно 8.729 слободни работни места, најголем број 2.712 се во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба, објави денеска Државниот завод за статистика.

Слободни биле и 1.462 работни места од групата Техничари и сродни занимања, по што следат 1.379 од групата Ракувачи и составувачи на машини и постројки, 919 Службеници, 698 – Стручњаци и научници, 686 – Елементарни занимања, 622 – Занимања за неиндустриски начин на работа во производството, 214 – Стручни работници во земјоделството, шумарството, рибарството и ловот, како и 37 од групата Членови на законодавни и извршни тела, државни функционери, раководни државни службеници, дипломати и директори.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2022 година, највисока стапка на слободни работни места од 4.18 проценти има секторот З – Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, а најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.25 проценти.

Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места од 2.45 проценти. Со највисока стапка на слободни работни места од 2,25 проценти е Вардарскиот регион.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи