Откако Владата ги врати даноците и маржите кај основните продукти денес нивните цени во маркетите рушат рекорди.
Покачувањето на цените на лебот, млекото, маслото за јадење, јајцата, оризот, месото, брашното и шеќерот доаѓа откако вчера престана да важи антикризната мерката со која ДДВ од пет отсто беше симнато на нула, а намалени беа и маржите – мерка што стапи во сила на 17 март годинава. Целта беше, како што објасни тогаш министерот за економија Крешник Бектеши, да се ограничи растот на цените.
Но со завршувањето на таа мерка, најголем ценовен скок убедливо има кај сончогледовото масло за јадење, односно неговата цена во некои маркети се зголеми и до 20 денари.
Поскапен е и лебот. Во зависност од тоа каков леб купувате, неговата цена се зголеми од 6 до 9 денари, па сега неговата цена се движи околу 40 денари. Се зголени и цената на брашното, односно килограм брашно за кое граѓаните плаќаа околу 35 денари, денеска се продава за 60 денари.
Сето тоа направи гужва по маркетите во текот на вчерашниот ден, кога граѓаните се трудеа на испазарат што е можно поголем број на производи по старата цена со цел да заштедат одредени средства. Освен масовното пазарење во маркетите пред денешните поскапувањата, големи колони можеа да се забележат и пред бензинските станици, бидејќи големи поскапувања од 9 денари има и кај горивата.