Утрово до 8.30 часот издадени се 1.150 кутии диазепам, а оваа бројка до 11 часот се зголемила на 6.200 кутии, сподели на својот фејсбук профил докторот Ненад Лазаров .
Тој пред неколку месеци објави податок дека во 2020 година биле препишани 1.310.000 рецепти диазепам, 300.000 повеќе од 2015 година.
„Нема куќа без диазепам“, посочи докторот во неговиот статус.
Согласно податоците на системот „Мој термин“, веќе во 14 часот бројот се искачил на 11.000 пакувања од ова средство за смирување.
За потсетување, во текот на вчерашниот ден биле издадени вкупно 9.500 пакувања диазепам.
Се наметнува прашањето дали полека стануваме депресивна нација?