На 01.06.2022 во 12.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во периодот од 17.05 до 20.05.2022 со употреба на подесен алат бил пресечен и одземен дел од металната жица со која е оградена базната станица за Телекомуникации – Карпа, на место викано „Топташ“, сопственост на МВР – Сектор за Телекомуникации. Увид извршила екипа од ОВР Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.