Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Прилеп, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 09.06.2022 година се објавува јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата за Општинско – корисна работа.
Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Во служба на заедницата преку Општинско – корисна работа“ за работно ангажирање со скратено работно време за период од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Прилеп.
Евидентираните невработени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.
Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци/ 9 (девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.
На кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање во висина од 9.000,00 денари бруто износ месечно за времетраење на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
- долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
- млади лица до 29 години
- лица постари од 50 години
- невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на Коронавирусот COVID -19
- лица корисници на гарантирана минимална помош
- лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
- лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
- жртви на семејно насилство
- жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етничките заедници
- лица припадници на ромската етничка заедница
- самохрани родители
- родители на деца со пречки во развојот
- родители на 3 и повеќе деца
- лица со незавршено средно или пониско образование
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на:
Работно место од 1: Негувател/ка во ЈОУДГ „Наша Иднина“ Прилеп
Нега на деца од претшколска возраст
Позиции за работно место 1: 9 (девет) позиции
Потребни квалификации и занимања:
- Минимум ССС
- Со или без работно искуство
- Важечка лиценца за негувател за деца во детска градинка
Ангажман за 9 месеци (4 часа дневно, 20 часа неделно)
Сите кандидати треба да бидат активни баратели на работа.
Работно место 2: Негувател/ка во Дом за стари и изнемоштени лица „Киро Крстески – Платник“
Нега на стари и изнемоштени лица
Позиции за работно место 2: 3 (три) позиции
Потребни квалификации и занимања:
- Минимум основно образование
- Со или без работно искуство
Ангажман за 9 месеци (4 часа дневно, 20 часа неделно)
Сите кандидати треба да бидат активни баратели на работа.
Работмо место 3: Негувател во Дневен центар „Ѕуница“
Нега на деца со посебни потреби
Позиции за работно место 3: 1 (една) позиција
Потребни квалификации и занимања:
- Минимум ССС
- Со или без работно искуство
Ангажман за 9 месеци (4 часа дневно, 20 часа неделно)
Сите кандидати треба да бидат активни баратели на работа.
Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Прилеп во периодот од 09.06.2022 година до 16.06.2022 година, секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Прилеп и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Прилеп кај лицето Винета Иваноска vineta.ivanoska@prilep.gov.mk, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување – Центар за вработување Прилеп кај лицето Јасмина Николоска, Центар за социјлна работа Прилеп кај лицето Јасминка Митреска.