На седницата на Советот на Општина Прилеп одржана на 7 јуни 2022 г. добивме читање на извештај за безбедноста на Прилеп и за решавање на криминалот од страна на Дарко Цуцулоски, командир на ПС Прилеп, информираат од Левица Прилеп.
„Во извештајот се спомнуваат смешни количини на запленети дроги, а сторителите на делото се шетаат слободно; исто се навестува дека криминалот во Прилеп е паднат, но се изоставуваат случаеви како неодамнешни кражби, палење на автомобили и киднапирање на дете.Случаеви коишто не се произнесуваат во јавноста, а укажуваат дека во Прилеп и законот и криминалот се во рацете на полицијата“, велат во соопштението од Левица .
Во прилог видео записот од седницата каде советникот од ЛО Левица Прилеп Иван Јованоски даде свое излагање.