Училиштето е место каде учениците секојдневно стекнуваат нови знења, низ игра и забава го запознаваат светот, па затоа учениците од подрачното училиште „Кочо Рацин“ – РИД од Прилеп решија своето знаење токму преку игри, песна и забава да го претстават пред другите. За таа цел во спортската сала на ООУ „Кочо Рацин“ покажаа како умешно пеат, глумат и танцуваат, а за идните првачиња беа подготвени и игри за забава.
„Нашите ученици се претставија во најдобро светло пред преполна сала. Покажаа и докажаа дека училиштето не е само место за учење ,туку и место за забава и дружење. Заедно со публиката се играше и пееше околу 1 час. Задоволството беше придружник и кај учениците и кај присутните. На крајот од нашето дружење и забава беше искажана посебна благодарност до родителите кои постојано не поддржуваат во реализацијата на нашите идеи, а беа доделени и благодарници.Зад секој успешен проект стојат мотивирани ученици,поддршка и соработка со родителите и училиштето и креативните наставници“, велат од подрачното училиште „Кочо Рацин“ – РИД.