Стоматолозите ќе протестираат во среда пред Министерството за здравство


Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина ЗПЗСУ ПДДМ најавува дека во среда на 15 јуни 2022 год. во 12 часот пред Министерството за здравство ќе одржи протест под слоганот „ Да го повратиме нашето лично достоинство и достоинството на професијата“.

Здружението ги повикува сите колеги да земат учество на протестот со цел заедно да го искажеле незадоволството од крајно лошата ситуација во која се наоѓале, како и од според нив игнорантскиот однос на Министерот за здравство кон поднесените предлози и барања на здружението за начинот на финансирање на стоматолошка здравствена заштита.

„Ова се нашите клучни барања:

  1. Промена на начинот на исплата во стоматологија преку фиксен загарантиран дел и променлив дел преку партиципација на пациентите Оваа сума да биде исплатена врз основ на постоење на тим во мрежата, согласно член 28 од законот за здравствена заштита, а не врз основ на запишани пациенти. – Укинување на матичен стоматолог

  2. Промена на Уредбата на Владата за утврдување на мрежата – Оптимализација на бројот на стоматолошки тимови согласно потребата на осигурениците /пациентите без осигурување, согласно последните демогравски податоци од пописот и согласно светските стандарди и усвојување на методологијата за пресметка на цени, а согласно законот за здравствена заштита член 17 став 3 од Законот за Здравствена заштита

  3. Да се зголеми буџетот за стоматологија соодветно на потребите за исплата на фиксниот дел по тим.

  4. Корегирање и јасно дефинирање на постоечката листа на услуги согласно законот за здравствено осигурување .

  5. Корекција на постоечкиот износ на партиципација во стоматолошката здравствена заштита согласно растот на цените за потребните материјални и основни трошоци користени при секоја интервенција или преглед.

  6. На здравствените установи надвор од мрежата да им се овозможи издавање на рецепти, упати, боледувања и да се изостави потребата од квалитетна финансиска гаранција од ликвидна банка или хипотека на недвижен имот.

  7. Поради тесната поврзаност на примарната и секундарната стоматолошка дејност, овозможување на регистрација и функционирање на поликлиники составени од примарна и секундарна стоматолошка дејност како и склучување на договори за работа помеѓу приватни здравствени установи од примарна и секундарна стоматолошка дејност“, велат стоматолозите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи