Уникатен алманах на учениците од графичката струка при СОУ „Ристе Ристески-Ричко“


Учениците од графичката струка при СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ од Прилеп под менторство на својот професор и класен раководител Александар Костадиноски, по осми пат своите спомени преку знаењата и вештините кои ги стекнаа во четиригодишното образование ги претворија во еден убав и необичен алманах.

Станува збор за дело чии почетоци започнуваат уште од првите денови од доаѓањето во ова училиште и таа „еволуција“ се овековечува преку тајните кои се изучуваат на фотографската секција. Дизајнот е плод на секцијата по графички дизајн во која идеите и фантазиите се преточуваат во дело наречено Алманах.

Костадиноски, всушност, секој час со учениците го почнува со некоја позната мисла или цитат, за која потоа барем 15-ина минути разговараат. Прекрасен почеток на часот, кој ги мотивира да прават добри работи за себе и за другите. Така секој воден од сопствениот карактер и стил на размислување изградува свој пристап кон светот во кој треба да заплови.

Оваа година завршните фотографии беа направени во „Авто Етно музеј Крклино“ од с. Крклино каде учениците се дружеа, забавуваа, но и работеа на финалниот изглед на своето „дипломско дело“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи