Меѓународна обука за Јакнење на основните моторни вештини и промоција на здрав и активен начин на живот кај децата во раното детство (0-6 години)

На 8, 9, 10, 14 и 15 јуни 2022 година се одржа меѓународна обука за “Јакнење на основните моторни вештини и промоција на здрав и активен начин на живот кај децата во раното детство (0-6 години)”. Обуката беше организирана во рамките на проектот “Европско движење на експерти за ран детски развој”  (EECEME) имплементиран од Centro Sportivo Italiano (CSI) во партнерство со SCF Italy, KSB Rhein-Erft-Kreis Germany, IASIS Greece, BEST Austria и ЛАГ Агро Лидер, С.Македонија.

Програмата за меѓународната обука е развиена да обезбеди поддршка на едукаторите во градинките и спортските тренери во нивната секојдневна работа фокусирана на здрав развој на децата преку спорт. Активностите презентирани на обуката се едни од најдобрите практики за развој на когнитивните вештини, зајакнување на грубата и фината моторика, зголемување на координацијата и емоционалната имагинација, како и подобрување на здравјето и благосостојбата на децата.

Сите добри практики презентирани на обуката се креирани за деца од 0-7 години. Од спортски активности без опрема, спортски активности со секојдневни материјали до активности со спортска опрема организираниот детски спорт може да им користи на децата во сите пет клучни развојни области: физички, емоционален, социјален, когнитивен и морален развој. Експертите кои се вклучени во проектот EECEME го оживуваат секој спорт низ игри и активности, истовремено придонесувајќи да се изградат вештини и доверба кај секое дете.

Над 20 учесници од 6 европски земји меѓу кои едукатори во градинки и спортски тренери имаа можност преку обуката да ги надградат своите знаења со добри практики за спортски активности со значајно позитивно влијание врз развојот на децата.

Учесниците во програмата за обука, следниот период ќе спроведат обуки во своите држави каде ќе ги споделат најдобрите практики за спортски активности за деца во ран развој кои беа презентирани на меѓународната обука,  со воспитувачи од градинки и спортски тренери за деца на локално и национално ниво.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи