ВИДЕО – Инвеститорите си заминуваат, граѓаните градат на црно – во Прилеп огромен проблем неиздавањето на градежни дозволи


Освен ковидот и војната во Украина дополнителен огромен удар врз прилепската градежна индустрија претставува и неиздавањето на градежни дозволи. Градежниците велат дека на прсти се броеле издадените градежни дозволи во Прилеп, во последните 5 години, што било крајно поразително. Поради тоа инвеститорите ја напуштале општината и заминувале таму каде има подобри услови, а граѓаните поради неможноста да добијат дозвола започнувале да градат на диво.

„По некои нашии податоци едно цифрена е бројката на издадени одобрени во последните 5 години од страна на Општина Прилеп. Тоа е поразителен податок, а она што по нешто се работи мораме да признаеме дека се е тоа без одобрение и уредно потпишана и заверена техничка документација, едноставно луѓето се приморани да работат на диво“, истакна Гордан Бошкоски, градежна компанија.

Според познавачите на приликите проблем за ова било тоа што имало кадровска недоекипираност во општината, но и стравот на вработените дека ќе се добие кривична пријава за секоја издадена дозвола, нешто што особено го имало во последните години.

„Бидејќи знаеме во последниот период што се случуваше за секоја работа му следува кривична пријава и сослушување во надлежните органи. Без разлика дали има или нема повод. Тоа е една од големите причини верувајте ми“, додаде Бранко Нешкоски, архитект.

Огромен проблем за издавањето на градежни дозволи била и законската регулатива која требало да претрпи измени доколку сакаме развој.

„Реформите во законот за просторно и урбанистичко планирање и покрај законската регулатива која во последниве 10-тина години е променета незнам колку пати, се изменува и се прави се посложена, се понедостапна и побавна за спроведување. И тоа зачинето со човек фактор од претходните причини кои ги наведов станува невозможна мисија за да се издаде одобрение за градба, а да не зборуваме за просторното планирање, урбанистичкото планирање“, рече Бранко Нешкоски, архитект.

 

„Сериозно помош бараме дали од централната или од локалната самоуправа тука. Ние велиме дека времето е пари. Јас ако ви кажам дека имаме поднесено проекти со поднесена градежно техничка документација, земјиште наше, не можеме и по 2 години да дојдеме до тоа одобрение, тоа е страшно“, вели Гордан Бошкоски, градежна компанија.

Градежниот сектор бара итна помош за ваквата ситуација и од централната и од локалната власт.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи