Николоска: „Галебе мој тажен“, тешка песна, со многу проби, но успеав – одличен настап на 10 годишната Матеја на фестивалот „Мали Ангели“


Целиот концерт, а особено соло изведбите кои имавме можност да слушнеме на детскиот музички фестивал „Мали Ангели“, кој пред неколку денови се одржа во Прилеп, не останаа никого рамнодушен. Едно од дечињата кои пееја на овој фестивал е и Матеја Николоска од Прилеп со која направивме едно мало интервју за порталот Инфо Компас.

За сите тие кои не те знаат, која е Матеја Николоска?  

Јас сум Матеја Николоска имам 10 години учам во ООУ „Рампо Левката“ во Прилеп и сум 4в оделение, кај наставничката Елеонора Гешоска.

Зошто музика и колку време се занимаваш со неа, како започна целата оваа приказна?

 Ја сакам музиката од помали години, како мала секогаш на  телефонот пуштав различна музика, го земав мојот детски микрофон и застанував пред огледало и гледајки се пеев тоа беше мојот најубав момент да се гледам и да пејам. Но морам да спомнам дека инспирација добивам и од мојот брат Андреј Николоски и тој исто така учи во музичко училиште во Битола и е ll година. Како и од мојот татко, кој исто така и тој учел во музичко во Битола, како и мојата мајка која многу убаво пее. Исто како дете со настапи на многу хорови и манифестаци и така секогаш во слободното време вежбаме со мојот брат заедно. Тој свири на синтисајзер, а јас пејам и морам да напоменам дека секогаш го правиме со љубов бидејќи музиката се пее и се свири со љубов.

 Дали во моментов музички се надоградуваш во некое училиште? 

 Во тек се уписите во нашето основно музичко училиште.

 Дали освен пеење можеби и свириш на некој инструмент?

 Да, планирам да свирам на флејта, како и на соло пеење.

 

Кој ти е омилена група, пејач или пејачка?

Не можам точно да кажам, бидејќи се сакам да пеам и народно и забавно, од сите до сега настапи каде што сум пеела сум пеела забавно од Каролина Гочева.

Зошто токму таа?

Па, мислам дека тој тоналитет на гласот најмногу ми одговара.

Дали ова ти е прв настап на некој детски музички фестивал или имаш вакво искуство и претходно?

Па не, не ми е прв настап, имам учествувано на повеќе хуманитарни настапи, потоа на смотрите од нашето училиште, приредбите од нашето училиште, исто така ја имам снимено и мојата прва песна „Музичка Ѕвезда“, на фестивалот Весели Ѕвончина Детски Музички фестивал „Балада Арт Продукција“, потоа настапи на хуманитарни дела со дует со Јасмина Атанасова и др.

Се одлучи да настапиш со „Галебе мој тажен“ на Верица Ристевска, зошто токму оваа песна?

Па, оваа песна да ви кажам ја немав многу слушано, но директорот на фестивалот Пеце Стоикоски и Маја Џопа одлучија спрема тоналитетот на гласот да ја пејам ова песна, иако морам да признам е многу тешка песна, со многу проби и спремање, благодарение на наставничката Маја која се даде од себе.

Дали ти се допаѓаат македонските евергрини?

Па да супер се.

Кој вид на музика најмногу го сакаш?

Ја сакам секоја мизика, бидејќи сакам се да пеам.

Иако си се уште многу млада, но сепак дали Матеја знае што понатаму во иднина со музиката и пеењето, каде се гледаш себеси?

Искрено со многу љубов пеам и сакам да успеам во музиката, мојот сон е да станам вистински пејач и да ми биде како дел од професијата, се разбира додека ја имам мојата поддршка од моите родители и мојот брат кој неуморно работи со мене и се би дал од себе да одам понатаму.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи