Од 05.23 часот утрово има пожар на објект – репетитор од мобилниот оператор на А1 кај с.Новоселани (ЕЛС – Долнени).
„На терен се испратени 3 ПП возила со 6 пожарникари од ТППЕ – Прилеп, 1 ПП возило со 3 пожарникари од ПП Кривогаштани, а побарана е помош и од ТППЕ – Битола која поседува специјализирано теренско ПП возило, бидејќи гасењето го отежнува горивото кое се наоѓа во објектот кое се користи за напојување на генераторот (количина околу 1000 литри). За пожарот известени се ДЗС- Прилеп, МВР, ЕЛС – Долнени и ЕЛС – Прилеп“, велат од ЦУК.