Чест и гордост ми е да ја прикажам комплетната реконструкција на тоалетот за децата со посебни потреби на нашето училиште, огромен и макотрпен проект кој никако не можеше да се оствари ако не ми помогнеа општествено одговорните фирми и луѓе во моето опкружувањ,напиша на својот ФБ профил директорот на ООУ „Климент Охриидски“, Ахил Јаков.
„Посебна благодарност до: Ангромеханика, Матадор, Пост експрес, Авто Контрол -Прилеп, Марфил-Прилеп, Техно Мега-Прилеп,советникот на ВМРО-ДПМНЕ Д-р Кире Јоноски и вредната рака на Мастер принтинг! И како што вели онаа народната: Да имаш пари, а да не дадеш, е исто како никогаш да си немал. Благодарност од се срце и од мое име и од името на децата со посебни потреби“, вели Јаков.