ССМ пред Влада – втор ден генерален штрајк во јавниот сектор

Работникот дојде  по ветеното и своето, порача денеска претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Дарко Димовски, од собирот на членството на ССМ пред зградата на Владата, во рамки на генералниот штрајк на јавниот сектор поради неисполнување на нивните барања за линеарно зголемување на платите и враќање на правото за регрес на годишен одмор.

Димовски ја повика Владата да се реши проблемот, преку амандман со ребалансот на Буџетот или со општиот колективен догвовор, укажувајќи дека за разлика од 1. Мај кога им ветиле повисока плата денеска никој не ги пречекал.

„Денеска протестираме пред Владата да побараме поддршка од 21 министер за предлогот на ССМ за линеарно зголемување на платоте за 2806 денари, но за жал не не пречекаа како за 1-Ви Мај. Тогаш кажаа дека за сите ќе има линеарно зголемување на платите со ребалансот на Буџетот, но денеска ги нема. Затоа јавно апелирам и кажувам работникот си дојде по ветеното, работникот си дојде по своето бидејќи ние немаме друг начин како да издржиме во оваа економска криза. Немаме друг начин како да ја издржиме инфалцијата. Затоа ја повикувам целата Влада на чело со премиерот да го решиме проблемот што поскоро, сакаат преку амандман  во Собранието, сакаат со Општиот колективен договор во јавниот сектор“, изјави Димовски.

Членството на Синдикатот денеска пред зградата на Владата симболично постави 21 столче – по едно за секој министер, откако вчера пред Собранието беа поставени вкупно 120 столчиња – наменети за пратениците.

Се штрајкува низ цела држава, на сите работни места, а штрајкот утре продолжува пред Министерството за финансии.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи