Параглајдеристите наголемо се враќаат во Крушево, во моментов се одржува „Nordic Open“


Сезоната на параглајдинг натпревари започна. Во моментов се одржува „Nordic Open“ и во градот се присутни десетици параглајдеристи.

„Сезоната е официјално отворена. Параглајдеристи рекреативци доаѓаат уште од мај месец во Крушево, но еве и официјално започнуваат натпреварите. Во текот на летото не очекуваат „Крушево озон опен“, Пред Светското првенство во змајарство и други меѓународни натпревари.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Општина Крушево изминатите години интензивно работеше на изградба на едно модерно и безбедно полетувалиште со исполнување на барањата на организаторите на натпреварите. Во моментов се гради објект на самото полетувалиште.

„Догодина не очекува Светското првенство во змајарство и можеме да кажеме дека инфраструктурно сме подготвени“, додаде градоначалникот на општина Крушево.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи