„Пливка“ дружба за прв пат во Крушево

Во сабота, 02.07.2022г., на Крушевско Езеро ќе се одржи „Пливка“ дружба во организација на здружението спортски риболовен клуб „Мрена – 1987“.

Ова е прв ваков настан во Крушево, а од клубот најавуваат награди за најуспешните.

„За прв пат на Крушевското Езеро ќе се одржи ПЛИВКА дружба, организирана од страна на ЗСРК МРЕНА-1987 КРУШЕВО. Дружбата е закажана за 02-ри јули, во сабота, а за најдобрите обезбедивме вредни награди од нашите спонзори и медали. Максимален број на пријавени учесници е 25, затоа побрзајте и пријавете се на нашата ревијална “пливка” дружба. Се гледаме на Крушевско Езеро“, стои во најавата за настанот.

Настанот започнува во 7 часот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи