Во Прилеп во полн ек е традиционалната ликовна колонија Дрен 2022


Во ЦК „Марко Цепенков“ во полн ек е традиционалната ликовна колонија Дрен 2022, на која до утревечер ќе творат 20 уметници, сликари и скулптори од земјава и од странство. Своите инспирации на платно и во скулптура ги преточуваат Мирослав Живковиќ од Србија, Беди Ибрахим, Дамјан Ѓуров, Елена Ѓуров,  Слободан Милошевски, Стефан Анчевски, Бане Наумоски, Филип Перески, Росица Лазеска, Олгица Антовска, Бони Барутовска, Бојана А. Трпческа, Филип Јовески, Методи Исков, Славчо Павлески, Верче Николоска, Павлина Илијеска, Александар Џинго, Александра Богоеска, Викторија Димеска, Марјан Стојаноски и Сарита Конеска.

Делата создадени на годинашната колонија ќе бидат претставени на изложба на есен. Досега на колонијата, во изминатите 13 години, се создадени околу 370 дела кои се во трајно наследство на Центарот и на државата.

Ликовната колонија „Дрен 2022“ се одржува со финансиска поддршка на Министерството за култура.

 

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи