За прв пат после 22 години на Спортскиот Аеродром Прилеп кај Мало Коњари слета едрилица


За прв пат после 22 години на Спортскиот Аеродром Прилеп кај Мало Коњари слета едрилица. Едрилицата е ASK-21 Mi (композитна моторна едрилица) во сопственост на Ѓорѓи Манчески. Инаку после цели 50 години започна голем процес на комплетно реконструирање на спортскиот аеродром, а аеро клубот Прилеп ќе добие пристојни услови за работа. Главни иницијатори за ова се Дејан Пеливаноски, претседател на аеро клубот и Ѓорѓи Манчески, управник на аеродромот кои неуморно работат ова место да го врати стариот сјај.

Се препокри и бетонираше внатрешно хангарот, се реконструираше пистата, а во моментов се работи на канцеларискиот простор.

 

Хангарот е изграден во далечната 1972 година, а тука функционирале повеќе секции како: моторно летање, едриличарство, моделарство, падобранство. Сега останати се само ултра лесното летање и дел едриличарство и тоа благодарение на приватниот авион на Пеливаноски.

Во Македонија има 5 вакви воздухопловни центри и тоа во Скопје, Куманово, Штип, Битола и сега во Прилеп. Сите освен оној во Штип функционираат со приватни воздухоплови, државата воопшто не го помага овој спорт, ниту пак овие центри.

Се планира наскоро прилепскиот аердром да се отвори со голем аеро митинг, со воздухоплови од повеќе градови од Македонија.

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи